Ѓукановиќ: Црна Гора е на добар пат

Од:

Премиерот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ смета дека државата е на добар пат и дека веќе се направени најдобрите потези.

Тој изјави дека извршната власт е подготвена да се соочи со сложената економска и социјална криза и дека се свесни каков топол костен имаат во своите раце, по парламентарните избори.

-Убеден сум дека сме на добар пат, зад нас се најтешките чекори и мерки. Се надевам дека поддршката на власта ќе се зголемува со текот на времето. Успехот на оваа влада ќе се мери со резлизација на развојните проекти, односно резултатите на планот на подобрување на квалитетот на животот на граѓаните – наведе Ѓукановиќ.

Тој изјави дека не е го изненадува тоа што се уште нема голема поддршка од граѓаните за членство на Црна Гора во НАТО, додавајќи дека очекува тоа да се случи со приближување на терминот за прием на државата во Северноатлантската алијанса.

Коментирајќи ја одлуката на Апелациониот суд во Подгорица да се укине пресудата на Врховниот суд на поранешните лидери на Будва, премиерот рече дека треба да се почитува одлуката на највисокиот суд.

-Не треба да се оспоруваат одлуките на Апелациониот суд, а тоа што често се укинуваат првостепените пресуди треба да биде инспиративна тема за лидерите на црногоркото правосудство, односно тоа треба да биде поттик за продолжување на реформите кои имаат за цел остварување на поголем квалитет во работата на судовите на сите нивоа-истакна Ѓукановиќ.

Премиерот на Црна Гора додаде дека владата ќе го раскине договорот со руските партнери во Комбинатот за алуминиум во Подгорица, бидејќи не покажуваат потребен интерес за вложување кое ќе обезбеди долгорочна одржливост на комбинатот.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски