Ѓорѓеску одлучи: Се повлекувам од политиката

Од:

Поранешниот независен романски претседателски кандидат Калин Ѓорѓеску објави дека се повлекува од политиката по претседателските избори.

– Романските претседателски избори завршија. Во овој контекст, донесов одлука да го прекинам моето активно учество во политичкиот процес. Моментално сум фокусиран на моето семејство, рече Ѓорѓеску во видео објавено на неговата Фејсбук страница.

Претходно, порталот „Хотњуз“ објави дека Ѓорѓеску бил повикан во романското обвинителство да даде исказ по заедничкото интервју со лидерот на националистичката Алијанса за обединување на Романците, Георге Симион, на телевизијата „Реалитатеа Плус“.

Претседателските избори во Романија се одржаа на 24 ноември минатата година, на кои независниот кандидат Калин Ѓорѓеску победи во првиот круг, освојувајќи 22,94 проценти од гласовите.

Сепак, на 6 декември 2024 година, Уставниот суд на Романија ги поништи резултатите од изборите и нареди повторување на изборите, поради наводно руско мешање во изборниот процес. Москва ги отфрли тие обвинувања.

На повторените избори во мај оваа година, актуелниот градоначалник на Букурешт, Никшор Дан, е новиот претседател на Романија откако го победи десничарскиот, евроскептик Георге Симион во вториот круг од повторените претседателски избори како независен кандидат.

Би можело да ве интересира

Русија: Тврдењата за руски беспилотни летала над Европа се неосновани

Медведев им се закани на граѓаните на ЕУ: „Мирниот сон заврши“

Фон дер Лајен: Руската агресија премина уште една црвена линија

ВИДЕО: Романската војска го следела, но не го соборила дронот

Катерина Ѓуровски

НАТО се огласи по ударот на руски дрон врз зграда во Романија

ВИДЕО: Дрон погоди зграда во Романија, повредени жена и дете

Катерина Ѓуровски