Германскиот Парламент одобри распоредување на ракетниот комплекс „Патриот“ во Турција.
Распоредувањето на ракетите беше одобрено од 461 пратеник, додека 86 гласаа „против“. Со тоа и се дозволува на Германија да лоцира најмногу 400 војници до јануари 2014 година.
Холандија и САД исто така ќе обезбедат две батерии од американскиот систем за противракетна одбрана.
Германски претставници истакнаа дека мисијата има одбранбена цел и единствено е насочена кон заштитата на Турција од можното прелевање на нејзина територија на сирискиот конфликт.
Ракетниот систем ќе биде лоциран во округот Кахраманмараш, околу 100 километри од сириската граница.