Германската војска во ноември ја напушта БиХ

Од:

Германската војска во ноември оваа година ќе се повлече од БиХ, пишува денеска весникот „Независне новине“, а германските медиуми оценуваат дека со ваквата одлука, без консултација со другите, Германија испратила важна порака.

Весникот објави дека Германија ги повлекува своите 10 војници бидејќи смета дека полициските и воените сили во БиХ се способни сами да се грижат за својата безбедност. Веста е објавена откако, според германските медиуми, во јавноста се појави тајно писмо на германскиот министер за надворешни работи Гвидо Вестервеле и министерот за одбрана Томас Маициро за ангажманот на Германија во БиХ.

Германските медиуми пишуваат дека оваа одлука сепак е многу сериозна, бидејќи постојат големи отпори на намалување на странското присуство во БиХ.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина