Фратини нов советник во Владата на Србија

Од:

Поранешниот шеф на италијанската дипломатија и потпретседател на Европската комисија Франко Фратини прифати понуда од Владата на Србија, во улога на советник да помогне во процесот на придружување на Србија во Европската унија, особено кога станува збор за поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори.

Фратини своите активности ќе ги спроведува без надомест и со помош на лични контакти со првиот потпретседател на Владата на Србија Александар Вучиќ, соопшти владината Канцеларија за односи со јавноста.

– Благодарение на исклучителното и долгогодишно искуство на највисоко ниво во европските и светски институции и кредибилитетот во меѓунардоната заедница, Фратини ќе и помага на Владата на Србија во процесот на европски интеграции, особено во врска со поглавјата 23 и 24 од пристапните преговори, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Протест во Нови Сад: Демонстрантите фрлаа црвена боја кон Градското собрание, неколку инциденти пред просториите на СНС

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Демонстрантите направија хаос во Нови Сад, жена во солзи моли: „Имам две мали деца во автомобилот“

Горан Наумовски

Вучиќ: Никој не ја победил српската тробојка, па нема ни тие што протестираат во Нови Сад

Горан Наумовски

(ВИДЕО) „Курир“: Протест во Нови Сад, група насилници го кинат и симнуваат српското знаме

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Нови Сад, градот е полн со полиција

Тензично во Нови Сад пред денешниот најавен мирен протест на граѓаните после железничката несреќа