ФОТО: Во Подгорица осветен новиот Соборен храм, најголемиот во Црна Гора

Од:

Во Подгорица денеска беше осветен најголемиот православен храм во Црна Гора, Соборниот храм на Српската православна црква „Воскресение Христово“, во присуство на севселенскиот патријарх Вартоломеј, српскиот патријарх Иринеј, ерусалимскиот патријарх Теофил и рускиот патријарх Кирил, јави Танјуг.

hristovoVoskresnuvanjCG2

На осветувањето присуствуваа и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ, вицепремиерот Игор Лукшиќ, претседателот на Република Српска Милорад Додик и други официјални претставници и голем број верници.

hristovoVoskresnuvanjCG

Севселенскиот патријарх Вартоломеј повика кон единство на православните христијани во Црна Гора, каде освен Српската православна црква постои и канонски непризнаената Црногорската православна црква.

hristovoVoskresnuvanjCG4

Соборниот храм во Подгорица, чија изградба траеше со децении, има вкупна површина од 1.380 метри квадратни, седум крстови на куполите и 17 камбани, од кои едната тежи 11 тони и е најголемата на Балканот.

hristovoVoskresnuvanjCG3

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски