ФОТО: Во експлозија во Котор оштетени седум автомобили

Од:

Во експлозија во црногорскиот приморски град Котор оштетени се седум автомобили, соопшти весникот „Вијести“ на својата интернет страница.

Според неофицијални информации, во инцидентот нема повредени.

Во которската населба Доброта била фрлена експлозивна направа, а полицијата соопшти дека се оштетени седум автомобили. Направата била фрлена на „Крива“ улица, на паркингот пред куќата на семејството Вуковиќ.

Оштетени се пет автомобили со странски регистерски таблички, една камп приколка, како и два „мерцедеса“ со подгорички таблички.

На сите автомобили искршени им се задните ветробрански стакла.

-Офанзивна бомба кашикара ги оштети стаклата на шест автомобили на паркингот пред куќата и на објектот за чуварот, изјави сопственикот Вукотиќ за радио Котор. „Бидејќи на паркингот немаше мој автомобил не знам кому бомбата му беше фрлена, прокоментира Вуковиќ.

Би можело да ве интересира

Штрајк на просветните работници во речиси 160 училишта во Црна Гора

Црногорците бараат гас и нафта во Јадранот

Емир Латифовиќ