Фотографијата на млади полицајци кои позираат со пиштоли во рацете, се појави на социјалните мрежи и стана вистински хит во Србија. Оваа скандалозна фотографија на која позираат како криминалци и бандити, на својата фејсбук страна ја објави „Радио 021“ со наслов „локална банда“, пренесува Телеграф.
На фотографијата се наоѓаат дипломци на Центарот за основна полициска обука во Сремска Каменица кои во октомври минатата година го завршија школувањето за полицајци. Фотографијата била напревена за време на обуката, а од Центарот велат дека сеуште не знаат како фотографијата стигнала на социјалните мрежи.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека ќе биде покрената постапка против сите полицајци кои се наоѓаат на фотографијата.
-Ова е скандалозна фотографија и ќе биде покрената постапка против сите лица кои се наоѓаат на сликата бидејќи ова претставува уривање на угледот на српската полиција“, велат за Телеграф, од Министерството за внатрешни работи на Србија.