ФОТО: Поплави во БиХ, голем дел од Хрватска без струја

Од:

Обилните врнежи предизвикаа поплави во некои делови на Босна и Херцеговина, при што ситуацијата е најкритична во Кантонот Сараево.

poplaviBIh2014maj8

Три лица се евакуирани поради ненадејните поплави на подрачјето на сараевската општина Илиџа, каде се загрозени повеќе куќи, а се појави и лизгање на земјиштето и во центарот на Сараево, соопшти денеска Кантоналниот оперативен центар на Цивилната заштита.

poplaviBIh2014maj1

Голем дел од кантонот Сараево остана без струја, бидејќи се поплавени голем број трафо-станици. Дополнителен проблем е и тоа што повеќе населби по прекинот на струјата останаа и без вода.

poplaviBIh2014maj2

Од своите корита се излеаја реките Босна, Добриња, Миљацка, а на одредени места, водостоите го надминаа критичното ниво.

Дождовите предизвикаа бројни одрони и излевање на вода на патиштата, така што сообраќајот е значително отежнат.

poplaviBIh2014maj7

Од синоќа интензивно паѓа снег на Романија и Јахорина, а на некои планински превои падна снег од 25 до 30 сантиметри.

poplaviBIh2014maj6

Федералниот хидрометеоролошки завод соопшти дека црвениот метеоаларм е запален за подрачјето на Вишеград, што значи дека времето е исклучително опасно и оти се прогнозира особено интензивна метеоролошка појава.

poplaviBIh2014maj5

Во Хрватска поради обилните врнежи, проследени со град, изутрината цела Славонија и Барања останаа без струја, а дефектот набргу е отстранет.

poplaviBIh2014maj4

Хрватските медиуми јавуваат дека 67 литри дожд на метар квадратен паднале во одредени места.

poplaviBIh2014maj3

И во Хрватска падна снег. Снег има на врвовите на Биоков, а на највисокиот, врвот Свети Јура се измерени минус 1,1 степени Целзиусови, што беше и најниска температура во земјата, додека во делови од Далмација дува силна бура.

Снег падна и на Жабљак, во Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници