ФОТО: Почна евакуацијата на странски државјани од зградата на парламент на БиХ во Сараево

Од:

Високиот претставник Валентин Инцко постигна договор со претставниците на демонстрантите и ќе свика вонредна седница на амбасадорите на Советот за имплементација на мирот со цел да се реши прашањето на единствемниот матичен број на граѓаните на БиХ, пренесе агенцијата Анадолија.

Утринава непосредно пред 3 часот почна евакуацијата на меѓу 300 и 350 странски државјани, кои во четвртокот во текот на денот и во петок по полнќ беа блокирани во зградата на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина (БиХ), како и во зградата на пријателството на Босна и Херцеговина и Грција, известува Анадолија (АА).

[nggallery id=198]

Станува збор за учесниците на седмото годишно собрание на Европскиот фонда на Југозападна Европа (ЕФСЕ).

Веста за ослободувањето на странските државјани ја пренесе и државната телевизија.

Вработените во босанскохерцеговските институции и државните пратеници, според последните информации, останале во зградата.

Инаку, босанските граѓани веќе трет ден протестираат барајќи итно усвојување на Законот за единствен матичен број (ЕМБ).

Излегувањето на странските државјани од зградата на Парламентот на БиХ беше следено со свиркања и повици до преостанатите насобрани демонстранти пред зградата на босанскопхерцеговските институции. Некои го пееја текстот на поранешната химна „Една си, единствена“’.

Околу зградата и намат има силни полициски сили.

Нешто порано пред зградата на институцијата пристигна високиот претставник во БиХ Валентнин Инцко кој организаторите на протестот ги повика во блиската зградз на ОХР на разговори.

Високиот претставник Валентин Инцко постигна договор со претставницитеа на демонстрантите и ќе свика вонредна седница на амбасадорите од Советот за имплементација на мирот со цел да се реши прашањето на ЕМБ, објави на својот твитер акаунт портпаролот на ОХР Елдар Субашиќ.

Како што пренесе, претставниците на демонстрантите прифатиле постепено да ги пуштаат заложниците. Тој објави фотографија на која се гледа Инцко додека преговара со претставниците на демострантите.

Би можело да ве интересира

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

(ВИДЕО) Голема полициска акција на полицијата во Босанска Крупа

Горан Наумовски

Малолетник со нож упаднал во полициска станица во Босанска Крупа: Убил еден полицаец, а друг тешко ранил

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски