ФОТО: Ова е главен штаб на џихадистите во Санџак

Од:

Српски „Блиц“ пренесе дека нивна екипа влегла во местото за одржување молитви „Фуркан“, во Нови Пазар каде што радикалните исламисти од градот, врбуваат млади Бошњаци за заминување во војната во Сирија.

Според пишувањето на порталот членовите на „Фуркан“ веќе со години дејствуваат во Санџак, а на оваа локација се собираат нешто повеќе од една година.

sandzak-dzihad

Бидејќи вратите биле отклучени екипата влегла во внатрешноста на објектот и забележале дека ништо не укажува на тоа дека тука се регрутираат борци за војската на ИСИС.

Просторијата била опремена со стандарден верски фолклор и цитати од Коранот. Меѓутоа граѓаните кои што живеат во непосредна близина не сакале да зборуваат за своите соседи, освен дека немале никакви проблеми со нив и дека никого не вознемирувале.

sandzak-dzihad3

-Не знаеме дали тука доаѓаа странци. Сите вехабии ни се слични. Исто се облекуваат и не можеме да ги разликуваме- велат соседите за „Блиц“.

Инаку со овој центар управувал радикалниот исламист Абид Подбиќанин (35), кој по завршување на образованието во Медина во Саудиска Арабија, заминал во вехабискиот камп во Горна Маоча во БиХ, а потоа дошол во Нови Пазар, каде што во „Фуркан“ држел предавања и регрутирал борци за Сирија.

sandzak-dzihad1

Центарот функционирал нормално се до март годинава, кога полицијата привела двајца членови на „Фуркан“ Изудин Ценовршанин (25) и Сеад Плојовиќ (31), кои деновиве се обвинети дека регрутирале борци за ИСИС.

-Тие само го следеа патот на Алах-велат нивните пријатели во Нови Пазар.

По нивното апсење Подбиќанин од Нови Пазар побегнал во Гоена Маоча, каде што регрутирал борци од Косово, Босна и западноевропските држави.

По извесно време заминал во Сирија, каде што командува со група борци, пишува „Блиц“.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Убиен најпознатиот балкански џихадист, Лавдрим Мухaџери

Емир Латифовиќ

Со воз за Белград тргнала во џихад

Ана Ололовска

Во Косово уаспени џихадисти, планирале напад врз бази на КФОР

Ана Ололовска

Марковиќ: Домашните џихадисти му се закануваат на Балканот

Ана Ололовска

Касулидис: Кипaр се наoѓа во опасната зона доколку џихадистите се насочат кон Либан

Ана Ололовска

На џихад во Сирија гостиварец заминал со целото семејство

Емир Латифовиќ