(ФОТО) Истанбул: Топлес против Ердоган

Од:

Турската полицијата на аеродром во Истанбул привела феминистка од радикалната групација „Фемен“, која топлес протестирала против религиозниот и конзервативен турски премиер Реџеп Таип Ердоган.

topleserdogan

 

Облечена само во мини панталони, жената ја извела својата претстава на аеродромот Сабиха Гокчен на азиската страна на Истанбул, пренесе „Франс прес“.

Таа во рацете имала плаката во облик на авионски билет на која пишувало „Ердоган од Истанбул до Кабул“.

Групацијата Фемен во своето соопштение го повика народот на Турција да го урнат исламистичкиот режим на Ердоган и да го присилат да замине во некоја од државите која што духовно му е блиска како Иран, Авганистан и Пакистан.

Исто така групацијата апелираше турскиот народ да продолжи со протестите против Ердоган.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски