Две бомби експлодираа рано изутринава во центарот на Подгорица, предизвикувајќи само метеријални штети, соопшти црногорската полиција.
Во соопштението се посочува дека при експлозиите целсоно е уништен автомобил, а значително е оштетен деловен простор, кои биле во сопственост на бизнисменот Александар Јововиќ.
Според полицијата, врз автомобилот и врз деловниот простор биле фрлени две експлозивни направи. Од јачината на експлозиите нанесени се штети и на околните објекти во радиус до 10 метри.
Јововиќ е сопстевник на неколку угостителски објекти во Црна Гора и Србија.