Фон дер Лајен во посета на Грција

Од:

Претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен заедно со еврокомесарката за внатрешни работи, Илва Јохансон, утре ќе отпатува во Грција каде ќе ги потврди мерките за поддршка за бегалската криза, јави дописничката на МИА од Брисел.

Минатата недела, Европската Унија се заложи да и помогне на Грција со 700 милиони евра финансиска поддршка за справување со кризата на грчко-турската границата, каде илјадници бегалци бараат азил во Европа.

Мал број европски земји се заложија и да прифатат неколку малолетни бегалци без придружба.

Ова ќе биде една од точките на разговор за Фон дер Лајен утре во Грција. Како што потсетува Европската Комисија, над 5.500 деца без придружба се наоѓаат во прифатните центри на грчките острови.

Фон дер Лајен и Јохансон ќе се сретнат со ресорните министри, како и со невладини организации и претставници на Обединетите нации.

Предвидена е средба со премиерот Кириакос Мицотакис, како и посета на прифатниот центар во Елеонас.

Би можело да ве интересира

Европската Комисија подготвува нов пакет санкции против Русија

Горан Наумовски

ЕУ ќе и дава на Украина три милијарди евра профит годишно од замрзнатите руски фондови

Горан Наумовски

ЕК: Проширената ЕУ да не носи со себе нови предизвици во форма на нерешени билатерални спорови

ЕУ ги релаксира строгите климатски правила за да го смири гневот на земјоделците

Горан Наумовски

Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Босна и Херцеговина

Брисел официјално предложи вклучување на обврските од Охридскиот договор во рамките на преговорите за членство на Србија во ЕУ

Горан Наумовски