Филип Вујановиќ задоволен од резултатот на изборите

Од:

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ денеска изрази задоволство од остварениот резултат на претседателските избори во земјата, одржани во неделата, оценувајќи дека тие биле демократски.

Тој истакна дека досега се објавени само првични резултати на Државната изборна комисија, но верува дека тие набрзо ќе станат конечни.

Вујановиќ смета дека на овие избори, на кои негов противкандидат беше лидерот на Демократскиот фронт Миодраг Лекиќ, остварил одличен резултат, дека владејачката Демократска партија на социјалистите (ДПС) ја покажала својата сила и дека победила мултинационала и мултиверска Црна Гора.

Актуелниот шеф на државата очекува дека неговиот противкандидат ќе го признае изборниот резултатр откако ќе изврши проверка на изборниот материјал.

Вујановиќ најави дека како претседател на Црна Гора и во следниот период ќе ја спроведува борбата против корупцијата и организираниот криминал, додавајќи дека во оваа област, како и во сообраќајот, е значајна соработката и со Србија. Тој нагласи дека на Црна Гора и се неопходни нови инвестиции и продолжување на соработката со ЕУ.

Изборната комисија на Црна Гора соопшти дека претседателскиот кандидат на ДПС и актуелен шеф на државата, Филип Вујановиќ победил на изборите, освојувајќи 51,2 отсто од гласовите, додека за независниот кандидат Миодраг Лекиќ гласале 48,8 проценти од граѓаните.

Изборниот штаб на Лекиќ, меѓутоа, синоќа ги оспори објавените резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски