Филип Гордон во посета на Грција и Турција

Од:

Американскиот помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања Филип Гордон од денеска престојува во посета на Грција на средби со грчките политички лидери и претставници на бизнис заедницата.

Како што соопшти Стејт департментот, на средбите во Атина Гордон ќе ја истакне американската поддршка на спроведувањето на економските реформи, чија цел е враќање на довербата на пазарите, поттикнување на економскиот раст и создавање просперитетна иднина за грчките граѓани. Покрај ова, со своите грчки домаќини Гордон ќе разговара и за широк спектар прашања од сферата на надворешната политика.

Во недела Гордон од Атина ќе отпатува за Истанбул, каде ќе има средби со турски владини претставници со кои ќе разговара за низа билатерални и глобални прашања.

За време на тридневниот престој во Истанбул, Гордон ќе ја посети и медресата „Халки“, а ќе присуствува и на вечера за ифтар во една од јавните кујни што ги организира општината Ускудар.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“