Филе и се закани на БиХ со санкции

Од:

Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска на состанок во Брисел им се закани на политичките лидери на Босна и Херцеговина, дека Советот на Европа ќе усвои остра декларација, доколку тие не постигнат договор за најважните прашања во државата.

Филе по уводниот говор се закани со остра декларација, која во врска со ситуацијата во БиХ би можел да ја донесе Советот на Европа уште на утрешното заседание.

Тој исто така најави и укинувањена ИПА фондовите, дури и на оние одобрени за оваа година во висина од 17 милиони евра, како и серија други санкции, доколку властите и лидерите на политичките партии во БиХ не понудат решение за спроведување на пресудата „Сејдиќ-Финци“, не утврдат механизам за координација со ЕУ, како и ако не усвојат протокол за ИПА фондовите за периодот 2014-2020 година.

Би можело да ве интересира

Шмит: Сите да се воздржат од интервенции, закани, притисоци и да ја почитуваат независноста на судството во БиХ

А1он

Мајка и син свирепо убиени во Тузла, убиецот е во бегство

Босанците ги следат соседите – повикуваат на штрајк во продавниците, кафулињата и рестораните

А1он

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он