Федерација БиХ е во апсурдна ситуација, тврди британскиот амбасадор во Сараево

Од:

Британскиот амбасадор во Сараево, Најџел Кејси изјави дека Федерацијата на Босна и Херцеговина се наоѓа во „апсурдна ситуација“.

Според неговото мислење, решението за излез од сегашната ситуација би требало да се бара во „овозможувањето да функционираат локалните механизми предвидени со Уставот“.

Во разговор за „Глас српски“ британскиот дипломатски претставник вели дека инструментите за заштита на виталните национални интереси во ФБиХ се искористени за блокирање на работата на самиот тој механизам, што инаку треба да ги заштитува виталните национални интереси.

Изјавата на амбасадорт Кејси доаѓа пред одржувањето на разговорите за реформирање на Федерацијата, предвидени за средината на овој месец.

Обидите за реформирање на сегашната организација и структура на земјата, кои се создадени уште со Дејтонскиот мировен договор од пред 18 години, траат веќе подолго време, но засега нема согласност ниту за промена на Уставот на БиХ, а ниту за менување на сегашната компликувана и бирократизирана структура на која е поставена земјата, која се оценува како сопирачка за побрзиот развој на оваа држава.

Сегашниот обид за реформирање на босанскохерцеговската федерација меѓудругото предвидува и укинување на сегашното Претседателство во кое на чело на државата се ротираат претставници од муслиманската, српската и хрватската заедница.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина