ФБИ ќе им помага на црногорските власти во истрагата за кибер нападот

Од:

Црногорското Министерство за внатрешни работи денеска соопшти дека е одобрено тим од ФБИ да допатува во земјата и да помогне во истрагата за кибер нападите во Црна Гора. РТЦГ соопштува дека тие се упатиле кон земјата.

Според црногорското МВР, по синоќешната, прва средба на министерот за внатрешни работи Филип Аџиќ и директорот на полициската управа Зоран Брѓанин со правното аташе на ФБИ за Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина, Кенет Брајан, кој ја изрази подготвеноста на ФБИ за конкретна поддршка на црногорските колеги, денеска е одобрено доаѓањето на ФБИ CAT (Cyber ​​Action Team), кој ќе учествува и помага во истрагата во врска со неодамнешните кибер напади во Црна Гора.

„Во моментов се упатуваат во Црна Гора. Ова е уште една потврда за одличната соработка меѓу Соединетите Американски Држави и Црна Гора и доказ дека можеме да сметаме на нивната поддршка во секоја ситуација“, соопштуваат од црногорското МВР.

Во Црна Гора на 20 август започна кибер напад врз информатичкиот систем на земјата, кој се уште трае. Според директорот на Управата за информатичка безбедност на Црна Гора Душан Половиќ вирусот, со кој се извршуваат нападите, на дарк веб чини од 100 илјади до два и пол милиони долари.

Директорот на Управата за информатичка безбедност на Црна Гора, Душан Половиќ, потврди дека се заразени 150 станици во десет државни институции.

– Заразените станици се исклучени од мрежата и нивните хард дискови се отстранети за дополнително испитување, соопшти Половиќ на почетокот на неделава.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски