Фајон: БиХ во политичка блокада

Од:

Европратеничката Тања Фајон оцени дека политичката ситуација во Босна и Херцеговина се влошува и оти земјата е во политичка блокада, која дополнително ја дестабилизира и економската ситуација. Фајон ова го изјави откако БиХ не ги исполни во предвидениот рок условите од патоказите, меѓу кои е и имплементирањето на пресудата на Европскиот суд во случајот „Сејдиќ-Финци“.

Таа смета дека политичарите во БиХ го губат кредибилитетот и потсетува дека со комесарот за проширување на ЕУ, Штефан Филе, на 27 јуни во Брисел било договорено БиХ да испрати единствен предлог за промена на Уставот со цел да бидат создадени можности за примена на споменатата пресуда.

И покрај тоа, договорот не е исполнет и политичката ситуација се влошува. По сè изгледа дека земјата е во политичка блокада, која дополнително ја дестабилизира и економската ситуација. Верувам дека сè уште не е предоцна за апликација за членство во ЕУ – истакна таа и додаде дека тоа значи оти патот кон ЕУ за БиХ треба да биде приоритет на агендата на политичките партии и институции.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина