Европскиот суд за човекови права пресуди во корист на двајцата турски државјани кои ја тужеа Турција тврдејќи дека биле малтретирани од полицијата за време на демонстрациите на 1 мај 2006 година.
Судот пресудил дека Турција треба да им плати по 15.000 евра на секого за нанесена морална штета и 1.760 евра за расходи.
Зухал Субаш и Али Чобан тврдат дека додека учествувале во демонстрациите во Измир биле физички нападнати од полицајци, а турските власти не спровеле ефикасна истрага за случајот.