Еуропол: Црна Гора е „перална“ за пари

Од:

Европската полициска канцеларија во најновиот извештај нагласува дека Црна Гора спаѓа во рангот на „најважните перални на пари“ во светот.

Еуропол констатира дека земјата е важна „перална“ на пари, бидејќи нелегално стекнатите пари на тајкуните и наркокартелите се уфрлуваат во легалните текови и работења, пишува подгоричкиот весник „Дневне новине“.

– И натаму се испитува какви и колкави врски вака стекнатиот капитал има со државниот врв и со коруптивните активности. Под лупа посебно се руските тајкуни, чие работење со години и е сомнително на европската полиција – се вели во извештајот.

Според Еуропол, нелегално заработените милиони во Русија често завршуваат како уредни инвестиции во земјиште, хотели или вили на црногорското крајбрежје.

Еуропол констатира и дека Црна Гора се наоѓа на крстосницата на патиштата на дрогата и е дел од т.н. балканска нарко – рута.

– Црна Гора им е интересна на криумчарите на дрога поради слабиот надзор, но и можноста за подмитување на царинските и полициските контроли – се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски