ЕУЛЕКС поведе истрага против вујкото на Тачи

Од:

Мисијата на ЕУ во Косово (ЕУЛЕКС), која се најде на удар на критики поради обвиненијата за корумпираност на нејзини службеници, покрена истрага за поврзаност меѓу осудениот платен убиец Назим Блаца и вујкото на косовскиот премиер Хашим Тачи, тврди лондонскиот весник „Гардијан“.

Ова е првпат член на семејството на Тачи да биде предмет на позначајна истрага на ЕУЛЕКС, доадава „Гардијан“.

Според весникот, истрагата е покрената во врска со една видео снимка, објавена пред пет години, во која Блаца тврди дека учествувал во бројни убиства на полиитчки противници, како припадник на „грпата за ликвидација на ШИК, разузнавачкото крило на Демократската партија на Косово (ПДК)“ на Тачи.

Блаца во признанието од ноември 2009 година, тврди дека работел за вујкото на Тачи, Азем Шаља, кој е еден од десетмината осомничени во рамките на оваа истрага.

Блаца вели дека во периодот од 1999 до 2003 година учествувал во извршување на 17 кривични дела, како убиства, обиди за убиства, закани и уцени и дека сето тоа било работено под директна команда на Шаља.

Според службник на ЕУЛЕКС, „групата за ликвидации на ШИК“ е одговорна за убиствата на најмалаку 30 лица.

„Гардијан“ оценува дека оваа истрага би можела да непријатна и за некои западни разузнавачки служби, пред се за американсата ЦИА и француската ДГСЕ, кои го поддржуваа Тачи и неговите структури уште од 1999 година.

Иследници на ЕУЛЕКС сега сметаат дека овие тајни врски биле искористрени за заштита на Тачи и за спречување на обидите за запирање на корупцијата и организираниот криминал во Косово.

На ваквиот текст на „Гардијан“ се огласи Кабинетот на Тачи, кој соопшти дека изнесените тврдења се невистинити.

– Објавениот напис, и по содржина и како приказна, е неточен и неприфтлив, Кабинетот на премиерот изразува зачуденост што еден весник со таква традиција се дозволува да објавува дезинформации и инсинуации, се навеува во рекацијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Додик: Бараме начин момчињата од Српска да служат војска во Србија, би им дале привилегии

ВИДЕО: Додик запеа по победата на Трамп

Додик: Западот го резервира Балканот за своите цели

Сараево: Голем број граѓани на протестен марш за Палестина

Осмооделенец избоде ученичка со нож во училиште во Суботица

Предраг Петровиќ