ЕУФОР: Франција од денеска ќе врши обука на воени летови над БиХ

Од:

Мировните сили на Европската унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР) соопштија дека Франција од денеска ќе врши обучувачки летови на воени авиони над БиХ, поради влошената меѓународна безбедносна ситуација.

– Носачот на авиони ‘Шарл де Гол’ моментално спроведува оперативна обука во Медитеранот, а од понеделник, 7 март, неговите авиони „Рафал’ ќе летаат над Западен Балкан, вклучително и Босна и Херцеговина, соопшти ЕУФОР.

Минатата недела ЕУ одлучи да ги зголеми силите на ЕУФОР од 600 на 1.100 војници од Австрија, Бугарија, Романија и Словачка, со цел да се спречи потенцијална нестабилност по рускиот напад на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина