ЕУ загрижена поради застојот во процесот на евроитеграција на БиХ

Од:

ЕУ изразува сериозна загриженост поради застојот во процесот на евроинтеграција на Босна и Херцеговина, поради „недостигот на колективна политичка волја од страна на политичките лидери да се справат со реформите потребни за напредок на патот кон Унијата”.

Ова, како што јави дописникот на МИА од Брисел, се наведува во заклучоците за останатите кандидати и потенцијални кандидати за членство во Унијата, покрај Македонија, што Европскиот совет ќе ги усвои на својот Самит идниот петок.

Земајќи ја предвид чувствителноста на социо-економската ситуација, која според Советот се влошува поради големите поплави кои ја зафатија земјата во мај оваа година, ЕС ги поздравува иницијативите на Комисијата да се фокусира на реформите и прашањата од директен интерес на граѓаните на БиХ.

Советот ја поздравува пошироката надлежност на ЕУ во стрруктуираниот дијалог за правда во Босна и Херцеговина, кој ги опфаќа дополнителните прашања како владеењето на правото, борбата против корупцијата, за што се формира заедничка Работна група на ЕУ и Босна и Херцеговина за забрзана имплементацијата на финансираните проекти од Унијата за компактен економски раст и создавање на работни места, заедно со меѓународните финансиски институции.

– Советот забележува дека воспоставувањето на ефикасен механизам за координација на прашањата поврзани со ЕУ ќе ја подобри интеракцијата на земјата со Униајта, вклучително и во однос на средствата од Инструментот за претпристапна помош (ИПА). Напредок во овој правец ќе го отвори патот за Босна и Херцеговина целосно да има корист од финансиите што се на располагање. Советот ја повикува Босна и Херцеговина итно да ја ревидира својата позиција со цел адаптација на Спогодбата/Привремениот договор за стабилизација и асоцијација да може да биде финализирана во најкраток можен рок врз основа на традиционалната трговија на земјата со Хрватска, се наведува во директивите на Брисел за БиХ.

Би можело да ве интересира

Претседателството на БиХ добило дојава за поставена бомба

Горан Наумовски

Нова семејна трагедија се случи во БиХ: Со бензин го запалил својот брат, жртвата починала во болница

(ВИДЕО) Во Босна и Херцеговина падна првиот снег

Горан Наумовски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина: „Ме лансираше од кревет, се се тресеше“

Горан Наумовски

Додик има план за мирна разделба во БиХ

Босна и Херцеговина ги укинува визите за илегалните мигранти кои доаѓаат под маската на странски работници