Комесарот на ЕУ за проширување Штефан Филе денес ги повика официјалните лица во Истамбул да истражат дали турската полиција употреби прекумерна сила, во текот на антивладините протести, кои веќе седум дена се случуваат во државата.
-Мирни демонстрации претставуваат легитимен израз на слободно мислење во едно демократско општество. Во демократија нема место за прекумерна употреба на сила на полицијата против демонстрантите-изјави Филе на конференција во Истамбул, на која што исто така присуствуваше турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган.
До сега во текот на протестите во Турција загинаа двајца демонстранти и еден полицаец, а повеќе илјади лица се повредени.
Елена Георгиевска