Ештон незадоволна од напредокот на БиХ

Од:

Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон изрази денеска во Сараево длабоко разочарување поради тоа што од нејзината последна посета на Босна и Херцеговина пред шест месеци, која ја реализираше со тогашниот државен секретар на САД Хилари Клинтон, не е остварен никаков напредок.

Таа предупреди дека прашањето за спроведување на пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Сејдиќ-Финци“ нема да исчезне, туку напротив извршувањето на пресудата ќе овозможи да стапи во сила Спогодбата за стабилизација и асоцијација, со цел БиХ да може да поднесе кредибилно барање за членство во ЕУ.

– Навистина сакам да изразам жалење поради тоа што политичките партии не го преточиле декларираното определување во конкретно дејствување и што наместо тоа се фокусирале на партиските и етничките интереси, нагласи Ештон и повтори дека  цврсто верува во европската иднина на БиХ, бидејќи „тоа е нешто што граѓаните го сакаат и заслужуваат“.

Во изјавата за новинарите по разговорите во Претседателството на БиХ Ештон нагласи дека ЕУ е силен партнер на граѓаните на БиХ и ги повика политичките лидери да ги слушаат граѓаните, да преземат вистинска одговорност и да дејствуваат.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина