Ергоган повторно и се закани на Грција: Ако го загубиме трпението, се може да се случи

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган повторно и се закани на Грција со воен одговор во случај да продолжат провокациите, бидејќи неодамна турските воени авиони беа цел на противвоздушно оружје додека летаа над спорните острови во Егејското Море.

„Ако имаат острови и воени бази и одредени претензии кои се нелегални и се закани за нас, еден ден ќе го изгубиме трпението. Кога ќе го изгубиме, се може да се случи“, рече Ердоган на прес-конференција во Сараево, на прашањето за последниот спор со Грција.

Системите за противвоздушна одбрана С-300, што ги користи Грција, беа насочени кон турски авиони за време на рутински лет над островите во Егејското Море.

„Вознемирувањето на нашите авиони со радари не е бениген чекор“, додаде тој.

Турција го прослави националниот празник, Денот на победата, на 30 август, во чест на турските сили кои ги протераа грчките воени сили во 1922 година. Анкара потсети дека островите во Егејското Море и биле предадени на Грција во согласност со договорите од 1923 и 1947 година, но под услов да не ги вооружува.

Односите меѓу Грција и Турција беа во состојба на постојано влошување во последните десет години, а во 2020 година тие ескалираа до степен на воен конфликт кога двете земји испратија бродови во спорните води на источниот Медитеран.

Ердоган на почетокот на јуни и се закани на Грција од истите причини, што предизвика загриженост кај меѓународната заедница.

Милитаризацијата на грчките острови во источното Егејско Море е забранета според Договорот од Лозана од 1923 година и Парискиот договор од 1947 година. Атина тврди дека грчки војници се распоредени на овие острови за да ги бранат од бродови кои им се приближуваат од западниот, турски брег.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Администрацијата на Трамп може да стави крај на војната во Украина преку дијалог и дипломатија

А1он

Ердоган за израелскиот напад врз Иран: Сакаат да го запалат регионот, Западот им помага

А1он

Ердоган за терористичкиот напад: Валканите раце што посегнуваат кон Турција ќе бидат скршени

А1он

ВИДЕО: Путин организира самит на БРИКС, му доаѓаат Ердоган, Си Џипинг и Моди

Катерина Ѓуровски

Почина Фетулах Ѓулен, најголемиот непријател на Ердоган

А1он

ВИДЕО: Дачиќ повторно му пееше на Ердоган „Осман ага“