Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган денес изјави дека ќе ги зголеми полициските овластувања по бранот антивладини протести во државата.
Полицијата во Истамбул и Анкара денес приведе повеќе од десет лица, поради сомнеж дека се вмешани во судирите, во текот на протестите кои траат повеќе од две недели.
Ердоган застана во одбрана на полицијата, со оценка дека реакцијата на полицијата беше воздржана и во рамките на нивните овластувања.
-Ќе ја зајакнеме полицијата, така што ќе добијат повеќе овластувања за даинтервенираат-истакна тускиот премиер.
Елена Георгиевска