Ердоган: Учесниците на протестите се жртви на подмолен план

Од:

Младите кои учествуваа во протестите поради паркот Гези се жртви на подмолен план, изјави денеска турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во обраќање на митинг на негови приврзаници во градот Самсун во северна Турција.

– Кој доби со овие протести што траат три недели? Доби лобито на лихварите, добија непријателите на Турција. А загуби, иако малку, економијата и загубија туристите. Во Турција има слобода како што немало никогаш досега, нагласи Ердоган.

Тој ги обвини учесниците на протестите дека започнале како војници на основачот на модерна Турција, Мустафа Кенал Ататурк, а завршиле како војници на лобито на лихварите.

– Младите станаа жртва на таквиот подмолен план. И што требаше да прави полицијата? Дали тие места требаше да останат окупирани?, запраша Ердоган, нагласувајќи дека полицијата си ја извршила својата должност.

Сепак, Ердоган рече дека е можно полицијата да напарвила грешки, додавајчи дека Министесртвото за внатрешни работи спорведува истрага во врска со таквата можност.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски