Ердоган: Турција нема да биде вовлечена во судирот со Сирија

Од:

Турција нема да наседне на валканото сценарио и нема да дозволи да биде вовлечена во судир со Сирија, изјави денес премиерот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган.

Ердоган го изјави ова ден по експлозиите на две бомби, во еден град во близина на сириската граница при што загинаа 46 лица и се создаде паника дека Турција би можела да биде вовлечена во судирот во Сирија.

-Ние мора да стоиме подалеку од провокациите со кои сакаат да не вовлечат во граѓанската војна во Сирија. Оние кои што ќе ја нападнат Турција ќе одговараат за тоа – рече турскиот премиер.

Тој на еден собир во Истанбул објави дека талибанците ослободиле четири од осум турски инженери кои беа киднапирани минатиот месец во Авганистан.

Заедно со осумте турски државјани, во април беа грабнати и еден Русин, Киргистанец и Авганистанец, откако талибанците во Логар јужно од Кабул ги принудиле да слетаат со хеликоптер.

Турција е членка на НАТО која во Авганистан има околу 1.850 војници, кои не учествуваат во борбените дејства а се стационирани во Кабул.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски