Ердоган: Турција и е потребна на Европската унија

Од:

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган, кој од денеска се наоѓа во официјална посета на Чешка, денеска во Прага изјави дека Турција и Чешка можат да направат крупни заеднички чекори на полето на нуклеарната енергија.

Ердоган се осврна и на турскиот пат кон интеграцијата во ЕУ и го истакна фактот дека ЕУ не ја прими Турција во свое членство, но дека во ЕУ живеат пет милиони Турци и дека турскиот народ веќе влезе во оваа заедница. Тој ги повика лидерите на ЕУ да ја ја завршат оваа приказна со приемот на Турциа во свое членство.

Турција, според Ердоган, нема алтернатива за патот кон ЕУ и продолжување на партнерскиот дијалог во Шангајската организација за соработка.

-Не двоумете се, ајде да ја завршиме оваа работа, порача Ердоган.

Истакнувајќи дека не е неопходно исполнување на критериумите за членство од Спогодбата од Мастрих, Ердоган изјави дека Турција е земја која најмногу се доближила до исполнувањето на овие критериуми.

-Ниту една од 27. членки не ги има исполнето Мастришките критериуми, а Турција, освен инфлацијата, ги исполни сите критериуми, рече турскиот премиер.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски