Ердоган со ултиматум до САД: Или Турција или Ѓулен

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган им постави ултиматум на САД да изберат меѓу Турција и исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, кого Анкара го обвинува дека е организатор на обидот за воен удар во земјата на 15 јули, објави „Хаберлер“.

– Порано или подоцна Америка ќе мора да избере. Или ќе се реши за пучистичката терористичка организација (на Фетулах Ѓулен) или за демократската држава Турција. Таа е должна да го направи тој избор, изјави Ердоган.  

Турција бара САД да и го екстрадираат Ѓулен, кој од 1999 година живее во доброволен егзил во американската сојузна држава Пенсилванија, но Вашингтон нагласи дека ќе се согласи на екстрадиција само ако добие недвосмислени докази дека проповедникот е поврзан со обидот за преврат.

Ѓулен од своја страна отфрла каква и да е негова поврзаност од организаторите на пучот.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите