Ердоган почна кампања за референдумот за неговите поголеми овластувања

Од:

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган започна кампања за поддршка на уставните реформи, кои значително ќе ги зголемат претседателските овластувања, откако рано изутринава беше изгласан во Парламентот пакетот уставни измени со што се овозможува организирање референдум по ова прашање.

– Со Божја волја, народот ќе донесе вистинско и конечно решение, истакна Ердоган, додавајќи дека „таа одлука ќе ја катапултира Турција на повисока позиција“.

Парламентот ги одобри измените во Уставот со 339 гласови од вкупно 550 члена. На седницата која заврши рано изутринава, пратениците гласаа пакет измени предложени од владејачката партија на Ердоган.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим, исто така, ги поздрави резултатите од гласањето, нагласувајќи дека „сега тоа ќе му биде доверено на народот и тој ќе одлучи“.

Ердоган и неговите приврзаници тврдат дека измените ќе донесат стабилност, но критичарите сметаат дека тие му дозволуваат премногу власт на шефот на државата. Ердоган, кој раководи со Турција од 2003 година, веќе е обвинуван за зголемен авторитаризам.

– Вратата на една нова ера во историјата на Турција е подотворена. Со „да“ од нашата нација на референдумот, таа врата целосно ќе се отвори, напиша на Твитер турскиот министер за правда Бекир Боздаг.

Според владејачката Партија на правда и развој, се очекува референдумот за тоа прашање да биде одржан кон средината на април оваа година.

Уставните измени предвидуваат префрлање на основниот дел од извршната власт на претседателот, кој лично ќе ги назначува министрите. Тој ќе определи и еден или неколку потпретседатели. Премиерската функција, која моментно ја извршува Бинали Јулдирим, ќе отпадне. Реформите му дозволуваат на шефот на државата директно да се меша во судството. Според оваа реформа, претседателот ќе има право да одлучи дали да се воведе вонредна состојба во земјата пред тоа прашање да биде поднесено во Парламентот. Исто така и бројот на пратеници ќе биде зголемен од 550 на 600, а минималната возраст за пратеник ќе биде намалена ид 25 на 18 години.

Би можело да ве интересира

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција

Автобус со српски туристи доживеа несреќа во Аланија, најмалку едно лице е повредено

Горан Наумовски

Вооружен напад во болница во Истанбул: Напаѓачот ранил пет лица и избегал

Горан Наумовски