Ердоган: Нетанјаху нема да ја избегне кривичната одговорност за воените злосторства извршени во Газа

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази уверување дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да ја избегне кривичната одговорност за воените злосторства извршени во Газа.

Тој ова го изјави по враќањето од Катар, каде на 5 декември учествуваше на самитот на лидерите на земјите од Персискиот Залив.

Турскиот претседател, исто така, истакна дека ако правилно се почитува меѓународното право и се казнуваат овие воени злосторства, тогаш оваа одлука ќе стане пример за сите угнетувачи и во палестинскиот регион и во другите региони во светот.

„Сепак, ако го оставиме ова неконтролирано и не постапиме по нашата жалба [до Меѓународниот кривичен суд], тоа ќе ја отвори вратата за поголем геноцид. Затоа, внимателно ќе го следиме ова прашање и ќе направиме се за да ги изведеме одговорните за геноцидот во Газа пред лицето на правдата“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите

Ердоган: Дајте и шанса на дипломатијата, Турција е подготвена да биде домаќин на преговорите меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ќе ги искористи сите расположливи средства за да го запре угнетувањето во Газа