Премиерот на Турција Реџеп Ердоган најави дека не се откажал од плановите да ја посети Газа и покрај повиците на САД да ја одложи посетата, пренесе АФП.
“Посетата ќе се одржи според планот и не може да биде одложена“, изјави Ердоган за турската телевизија.
Претходно Вашингтон го повика турскиот премиер да ги промени плановите за посетата на палестинските територии, бидејќи тоа би било “одвраќање“ од напорите на САД за обновување на блискоисточниот мировен процес.