Ердоган контра коалициските преговори во кои се даваат ветувања за прекин на неговите „мегапроекти“

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган вети дека ќе се спротивстави на коалициските преговори, во чии рамки се даваат ветувања дека ќе бидат запрени неговите „мегапроекти“, како што е изградбата на новиот аеродром во Истанбул и третиот мост над Босфор, соопшти турскиот весник „Хуриет дејли њуз“.

– Тие велат дека нема да ја дозволат изградбата на третиот аеродром или на третиот мост. Што менталитет ќе е тоа?, посочи синоќа Ердоган.

Тој, исто така, кажа дека очекува и сака новата Влада  да биде формирана колку што е можно побрзо.

Синоќешната изјава Ердоган ја даде на одгласите за подготовка на преговори меѓу Партијата на правдата и развојот и Партијата на националистичката акција за евентуално формирање владина коалиција, забележуваат американските медиуми.

Опозициските партии го обвинуваат Ердоган дека излегува од границите на своите надлежности како шеф на државата.

Турскиот претседател синоќа уште посочи дека преговорите за формирање на Влада ќе продолжат колку што ќе биде неопходно и додаде дека Турција има потреба од Влада која ќе биде во состојба да донесува важни одлуки и да ги применува, информира „Хуриет дејли њуз“.

– Коалиција која е  формирана од партии кои се во конфликт, само ќе и штети на Турција, рече Ердоган.

Тој ги повика партиите да ги прекинат расправиите за неговата претседателска палата во Анкара. Тој истакна дека ваквите дебати имаат за цел да „се избегне преземање на одговорноста“ како и дека турскиот народ сака од партиите да слушне за „плановите за иднина, а не за минатото“.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција