Ердоган ќе ги повлече тужбитe за негова навреда

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган говорејќи на комеморацијата за луѓето кои загинаа во неуспешниот обид за државен удар во Турција, порача дека ќе ги повлече сите тужби против лицата обвинети дека некогаш го навредиле.

– Ќе ги повлечам сите тужби за навреди кои се изнесени на моја сметка – рече Ердоган.

Во изминатиот период турското Министерство за правда соопшти дека во земјата се заведени 1.845 судски дела за навреда на шефот на државата. Ердоган веќе има добиено неколку вакви дела во своја корист.

Доколку се оствари ова ветување, во Турција ќе бидат помилувани стотици луѓе, а меѓу нив и поединци кои се осудени, бидејќи го навредувале Ердоган на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Ердоган: Споровите околу изворите на вода предизвикуваат конфликти низ светот

Мицотакис и Ердоган ќе се сретнаа во Турција за да ги подобрат односите

Ердоган ја повика Германија да ги укине ограничувањата за турската одбранбена индустрија

Ердоган го нападна Нетанјаху: „Тој сака да предизвика регионална војна“

Турција им нуди на Зеленски и Путин нацрт мировен договор

Тежок пораз на Ердоган на изборите