Ердоган ја одобри привремената влада на Турција

Од:

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган синоќа го одобри составот на привремената влада, предложена од премиерот Ахмет Давутоглу.

Во предложената привремена влада првпат е вклучена и една курдска партија.
Али Хајдар ќе биде министер за прашања за Европска унија, а Муслим Доган ќе биде министер за разој. Двајцата се членови на прокурдската Народна демократска партија (ХДП), а досега беа пратеници во Парламентот.

Министер за надворешни работи ќе биде досегашниот заменик-министетр Феридун Синирлиоглу. Министрит за економија и за финансии остануваат Нихат Зејбекчи и Мехмет Шимшек, а за министер за енергетика е назначен Али Риза Алабојун.
Давутоглу пред три дена ги повика опозициските партии да преземат дел од одговорноста и да се вклучат во привремената влада, нудејќи им министерски места.

Ердоган го овласти Давутоглу да формира привремена влада, која ќе раководи со земјата до новите избори, што ќе се одржат на 1. ноември.

Привремената влада е формирана откако пропаднаа двомесечните за формирање на владејачка коалиција по изборите на 7. јуни, кога владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) првпат од 2002 година го изгуби мнозинството.

Би можело да ве интересира

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

Русинка го оставила своето новороденче на аеродромот во Турција: „Не знаев дека сум бремена“

Силен земјотрес ја потресе Турција

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Млади војници дадоа просекуларна заклетва, Ердоган најави „чистка“ во армијата

(ВИДЕО) Пронајдено е телото на малата Нарин по која трагаше турската полиција