Ердоган ги оправдува постапките на полицијата

Од:

Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на петтиот собир од почетокот на антивладините протести, ги исмеа демонстрациите и ги оправда постапките на полицијата.

Тој пред околу 15.000 луѓе во источниот град Ерзурм ги пофали своите приврзаници и јавноста, бидејќи како што рече се противат на заговорот против неговата држава, пренесе „Ројтерс“.

-Демонстрантите мислеа дека народот ќе молчи. Рекоа дека ќе палат, уништуваат и работат што сакаат – изјави Ердоган.

Турскиот премиер и даде поддршка на полицијата која повторно употреби солзавец и водени топови за да ги растера демонстрантите од плоштадот Таксим во Истанбул.

-Полицијата имаше трпение до одредена граница, кога не сакаа да заминат, мораше да реагира за да ги растури – истакна Ердоган.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Затворени училишта во Турција поради снежната бура, затрупани автомобили, во тек е извлекување на завеаните

Горан Наумовски

Масакр во Турција: Маж убил осум лица, меѓу кои и неговите најблиски

Горан Наумовски

Ердоган: Турција ги прекина односите со Израел

Ердоган: Нема објаснување зошто процесот на пристапување на Турција во ЕУ е блокиран со години

Ердоган: САД ги користат терористичките организации на Блискиот Исток за свои интереси

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски