ЕП загрижен поради непостоење на заедничка визија за БиХ

Од:

Известувачот за Босна и Херцеговина Дорис Пак ќе му предложи на Европскиот парламент да изрази загриженост поради непостоење на заедничка визија за иднината на земјата и да повика за промени на Уставот во врска со пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ-Финци“.

Пресудата на Европскиот суд, треба да биде само првиот чекор кон сеопфатни реформи на уставната структура на БиХ, со цел таа да стане модерна и функционална демократска земја, јави Танјуг.

Во нацрт-резолуцијата за напредокот на БиХ кон ЕУ за минатата година, а која е усвоена вчера во ЕП, се наведува дека Пак сака Европската комисија и специјалниот претставник на ЕУ поактивно да се вклучат во најавените уставни реформи во БиХ.

Исто така се иаразува загриженост и поради високото ниво на корупција во БиХ и повика за јакнење на институциите за борба против овој феномен.

Искажана е и загриженост поради политичкиот притисок на медиумите, заканите упатени до новинарите, но и поради поделеноста на медиумскиот простор на национална основа.

Во врска со човековите права и прават на малцинствата, нацрт-резолуцијата повика на спроведување на законите и политиката во врска со борбата против дискриминацијата, а посебно се укажува на правата на хомосексуалците, Ромите, но и бегалците и раселените лица, при што се потенцирани Хрватите од Посавина.

Во нацртот се осудува и „секој обид во БиХ или на кое било место да се намали или негира геноцидот, кој се случил во Сребреница“.

Дел од резолуцијата е посветен и на социјалната и економската ситуација во земјата, при што се изразува голема загриженост поради големата невработеност, особено на младите, кршењето на правата на работниците, особено на жените, но и поради недостиг на социјален дијалог на сите нивоа на власта.

Документот исто така содржи апел и до компетентните власти да обезбедат воспоставување на независен и ефикасен правосуден систем.

МИА

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина