ЕП не изгласа суспензија на БиХ од Советот на Европа

Од:

Европскиот парламент на денешната седница ги одби амандманите на Дорис Пак со кои се бараше суспензија на Босна и Херцеговина од Советот на Европа, суспензија на финансиската помош од ЕУ и ИПА фондовите и привремено да се стопира договорот за трговија меѓу БиХ и ЕУ.

Откако се одбиени амандманите на Пак, ЕП ја прифати претходната резолуција за состојбата во БиХ со уште осум други амандмани.

Европските претставници ја предупредуваат БиХ веќе подолго време дека итно мора да ги усвои уставните измени и да ги одблокира државните институции.

Радикалните претставници на ЕУ, дури најавија и санкции во вид на суспензија на БиХ во телата на европската заедница, како што имаше предложено Пак во амандманите.

Би можело да ве интересира

Нешиќ остана во болница, Дакиќ и Лучиќ се во затвор

Тело на маж е пронајдено на завеано место во близина на Зеница

Во БиХ почнува забрана за пушење во сите затворени објекти

А1он

Почина жената која беше ранета во оружен инцидент во Мостар

Жена е тешко ранета во оружен инцидент во Мостар

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина