Две бомби експлодираа во Грбавица, населба во Сараево, а третата не се активираше. Жителите на Грбавица и околината синоќа околу 3:15 беа во паника од две силни експлозии.
„Во 03:15 жителите на Грбавица ја известија оплицијата дека непознато лице или повеќе лица, фрлија експлозивни направи, таканаречени бомби кашикари. А на бетонот е пронајдена уште една која не била активирана. Нема повредени, а оштетени се пет автомобили”, рече Ирфан Невиќ, портпарол на полицијата на Кантонот Сараево.
Полицијата се уште нема информации за мотивот и сторителите, а во тек е истрагата.