ЕК го повика Советот на ЕУ да одобри влез на Бугарија, Романија и Хрватска во Шенген

Од:

Европската Комисија уште еднаш го повика Советот на ЕУ да даде зелено светло за Софија, Букурешт и Загреб да станат полноправни членки на Шенген зоната, јави дописничката на МИА од Брисел.

Бугарија, Романија и Хрватска, последните земји што се зачленија во ЕУ, сѐ уште мораат да поминуваат низ гранични контроли кога патуваат во Шенген зоната.

Нова мисија на ЕУ отпатува во Бугарија и Романија за да ја провери состојбата и подготвеноста на овие две земји за Шенген, на покана на владите.

Европската Комисија попладнево преку портпаролката за внатрешни работи, Анита Хопер, изјави дека “активно бара“ Бугарија, Романија и Хрватска да бидат примени како членки на Шенген зоната затоа што ги исполнуваат сите критериуми, рече таа.

-Крајно време е Советот да следи и да го преземе чекорот за пристапување во Шенген, изјави портпаролката.

Наодите на мисијата се доверливи и не се достапни за јавноста, рече таа, но ќе се разговара за исходот во наредниот период.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ЕУ ќе воведе контрамерки на американските царини

Европа подготвува контрамерки за американските царини

ЕК ги подготвува граѓаните за војна: Обезбедете си храна и основни потреби за најмалку 72 часа

Горан Наумовски

ЕК: Повлекувањето на Русија од Украина е главен услов за укинување на санкциите на ЕУ кон Москва

Лидерите на ЕУ повикуваат на зајакнување на конкурентноста, одбраната и поддршка во борбата против миграцијата

ЕУ ги одложи царините против Америка за еден месец