Во центарот на Крагујевац, денеска попладне се случи тешка сообраќајка, во која едне маж загинал на лице место, додека лекарите се борат за животот на една девојка.
Несреќата се случила на улица Воислав Калановиќ, кога се судриле југо и такси возило, пренесе Блиц.
Возачот на југото го загубил животот на лице место, а возачот на таксито е повреден.
Истрагата е во тек а пожарникарите морале да го сечат југото за да дојдат до повредените и починатите.