Бошњачкиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ денеска ја презема функцијата претседавач, која ќе ја извршува во следните осум месеци.
Џаферовиќ ќе ја преземе должноста претседател на Претседателството на БиХ од хрватскиот член Жељко Комшиќ.
Џаферовиќ доаѓа на функцијата претседавач по принципот на ротација, кој е дефиниран со Уставот на БиХ и Деловникот за работа на Претседателството на БиХ.
Извор: МИА