Две третини од Црногорците сакаат да работат во јавна администрација

Од:

Две третини од граѓаните на Црна Гора повеќе би сакале да работат во државна администрација за помала плата, отколку во приватниот сектор за поголема, додека 90 проценти сметаат дека за успех во животот најважно е да се имаат добри врски со влијателни луѓе, покажуваат податоците од извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации за развој (УНДП) во Подгорица.

Постојаниот претставник на УНДП во Црна Гора Растислав Врбенски изјави денеска на претставувањето на извештајот дека мнозинството црногорски граѓани претпочитаат работни места во државната администрација.

Мнозинството граѓани, односно 64 проценти повеќе би сакале да работат во јавниот сектор за помала плата, отколку во приватниот за поголема, истакнува Врбенски.

Според него 42 проценти од граѓаните на Црна Гора сметаат дека владата на Црна Гора е одговорна за сите да имаат работа, односно да се социјално безбедни.

Загрижува податокот дека девет од десет граѓани веруваат дека за успех во животот и кариерата е потребно да се имаат добри врски со луѓе кои се на високи функции и со политичко влијание, истакнува тој.

Само 53 проценти од вработените испитаници работат на работно место за кое се школувани.

Црногорскиот претседател Филип Вујановиќ изјави дека решавањето на проблемот со невработеноста е голема обврска на државата и општеството во целина.

Невработеноста во Црна Гора во голем дел е структурна и намалувањето на стапката на толерантно ниво нема да биде можно без соодветно инвестирање во нови вештини, нагласи тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блокади во Црна Гора поради масакрот во Цетиње: „Оставка, политичари!“

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Црногорските студенти го блокираа патот поради масакрот во Цетиње

Горан Наумовски

И во Црна Гора денеска се бојкотираат продавници, премиерот им даде поддршка на граѓаните

Милатовиќ: Црна Гора ќе биде 28-ма членка на ЕУ

860 луѓе добија црногорски „Златен пасош“

Силен земјотрес во Црна Гора, се почувствува и во регионот

Горан Наумовски