Две сестри тргнаа на свадба, починаа во сообраќајка

Од:

Две лица загинаа, а трето е повредено во сообраќајна несреќа што се случи утринава на загрепската обиколница (А3).

Според информациите со кои располага „Дубровачки дневник“ загинати се две сестри кои оделе на свадба во Славонија. Станува збор за постари лица, од кои едната е од Конавле, а другата живее во странство, поточно во Данска.

Како што дознаваат хрватските медиуми, сестрите биле на пат на свадбена веселба во Славонија. Еден член од нивното семејство се венчал, а прославата е одложена поради трагедијата што се случи.

Докторот кој интервенираше на лице место ги соопшти деталите.

– Првата пријава беше дека се работи за сообраќајна несреќа со неколку повредени лица, а едно лице е во бесознание. Кога стигнавме на местото на интервенцијата, забележавме дека две лица се всушност повредени, а жената која седела на возачкото место во автомобилот веќе починала – изјави доктор Адис Керановиќ.

Како што додаде, едната сестра била сè уште жива кога на местото на настанот пристигнале првите медицински екипи.

– Сопатничката е тешко повредена и со тешки знаци на шок, а третото лице кое седеше позади беше свесно и разговараше со нас – изјави специјалистот за итна помош д-р Керановиќ.

За да интервенира пристигнала брза помош, како и хеликоптер, кој слетал на обиколницата.

– Денеска, 25 април, околу 09:00 часот на автопатот А3, со правец кон исток, на спојот со автопатот А4 (одвојување за Вараждин) се случи сообраќајна незгода во која учествуваа три возила. Две лица починале, додека третото лице добило лекарска помош. На местото на инцидентот сообраќајот е во прекин и се одвива заобиколно со регулација на полициски службеници – извести полицијата.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Детали за сообраќајката на влезот во Скопје, тешко повреден е 25-годишник

Катерина Ѓуровски

Изгореа камион и автомобил кај Хиподром, сообраќајот е пренасочен

Катерина Ѓуровски

Полицијата истражува симпатизери на ЗДС и десничарската ХДЗ поради фашистичките поздрави

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани – Штип

А1он

Прегазен е малолетен пешак во скопско Визбегово

А1он

Хрватска ја победи Словенија и се приближи до полуфиналето на Европското првенство