Две лица загинаа, а околу 20 се ранети во налетот на торнадо во округот Мерсин во јужна Турција.
Торнадото со височина од неколу стотини метри, мина низ селото Каркол, каде пред неколку месеци почна изградба на аеродром.
Бурата носеше со себе се што и стоеше на патот.
На местото на несреќата се испратени голем број возила на брзата помош и екипи на противпожарната служба и на цивилната заштита.