Двајца турски полицајци се убиени денеска во напад во југоисточниот град Челјанпинар, соопшти провинцискиот гувернер во Санлијурфа.
До нападот дојде два дена по самоубиствениот бомбашки напад во блискиот град Суруч, во кон загинаа 32 лица и ранети беа стотина.
Властите за бомбашкиот напад во Суруч ја обвинија Исламска држава, која се бори против курдските сили на другата страна на границата со Сирија.
Турската влада денеска ќе одржи седница на која ќе биде разгледано зајакнувањето на безбедноста по должина на границата по самоубиствениот напад во Суруч.